• среда, 17 јули 2024

Натпреварот од Евролигата помеѓу Макаби и Анадолу Ефес беше преместен од Истанбул во Белград

Натпреварот од Евролигата помеѓу Макаби и Анадолу Ефес беше преместен од Истанбул во Белград

Белград, 29 ноември 2023 (МИА) - Натпреварот од 14. коло на Евролигата помеѓу Анадолу Ефес и Макаби Тел Авив е преместен од Истанбул во Белград, соопшти прес-службата на елитното натпреварување.

Првично средбата требаше да биде домашен меч за турскиот тим. 

Натпреварот ќе се одигра на 14 декември без публика.

На 24 октомври Евролига објави дека поради ситуацијата на Блискиот Исток сите домашни натпревари на Макаби ќе се играат во Белград. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан