• вторник, 16 јули 2024

НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина

НАТО усвои план за долгорочна помош за Украина

Брисел, 14 јуни 2024 (МИА) - Министрите за одбрана на државите од НАТО го одобрија денеска планот за долгорочно снабдување со воена опрема и обука на Украина, соопшти по состанокот генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој додаде дека оваа помош за Украина ќе биде спроведена од американската воена база во германскиот град Визбаден и ќе вклучува персонал од 700 луѓе.

Како што рече, ова ќе помогне да се организира обука за украинската армија во земјите-членки на НАТО и да се координираат и планираат донации на воена опрема за Киев. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан