• недела, 22 декември 2024

НАТО Советот за Украина ќе заседава утре по барање на Киев

НАТО Советот за Украина ќе заседава утре по барање на Киев

Киев, 27 август 2024 (МИА) - По барање на Киев, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг свика седница на Советот НАТО-Украина, која ќе се одржи утре, соопшти портпаролката на Алијансата, Фара Дахла.

- Средбата ќе се одржи на ниво на амбасадори, изјави Дахла. - Се очекува украинскиот министер за одбрана, Рустем Умеров, преку видеоврска да ги информира сојузниците за ситуацијата на бојното поле и да ги наведе приоритетните потреби на украинската армија, додаде таа.

Советот НАТО-Украина беше основан минатата година за да обезбеди поблиска координација помеѓу Алијансата и Киев.

- Утрешната средба се свикува по последните тешки руски напади врз украинските цивили и инфраструктура. Сојузниците од НАТО пружија значителна поддршка за воздушната одбрана на Украина и се решени да продолжат да ја зајакнуваат, изјави Дахла.

Русија денеска нападна со ракети и дронови десетици украински региони, при што загинаа најмалку пет лица. Ден претходно, Москва го изврши најголемиот воздушен напад врз Украина од почетокот на војната.ссм/

фото: архива

Остани поврзан