• недела, 28 април 2024

Наставниците од Карпош ќе ја зајакнуваат сајбер безбедноста

Наставниците од Карпош ќе ја зајакнуваат сајбер безбедноста

18 април 2024

Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47 наставници од сите десет основни училишта кои функционираат на територија на општина Карпош. Станува збор за еден вид на стручна подготовка на наставниот кадар од училиштата во Карпош, со цел да се зајакнат нивните капацитети при примена на мерките за сајбер безбедност.

Обуките во училиштата се имплементираа како дисеминација на претходно спроведениот проект на Аналитика, насловен како „Развој на културата на сајбер безбедност во образовниот систем на Северна Македонија“. Поддржувач на проектот е Фондацијата Отворено општество – Македонија, а обуката ја спроведоа Маја Христовска и Ана Дионисиева кои притоа ја презентираа едукативната алатка „Безбеден Интернет“. Инаку, Карпош е првата општина во која ќе се промовира оваа мобилна апликација, а истата достапна на платформата Play Store: https://shorturl.at/huBCK

Одделение за односи со јавноста

ОПШТИНА КАРПОШ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан