• недела, 22 декември 2024

Насрала: Ако Израел влезе во Рафа ќе ја изгуби војната

Насрала: Ако Израел влезе во Рафа ќе ја изгуби војната

Бејрут, 14 март 2024 (МИА) - Лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, синоќа изјави дека Израел ќе ја загуби војната доколку влезе во најјужниот град во Појасот Газа, Рафа, каде што се засолнети многу Палестинци, бегајќи од копнената операција на израелската армија.

-Ако влезете во Рафа, сте ја изгубиле војната, рече Насрала, пишува „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека „и покрај сите масакри, народот во Газа нема да се предаде и ќе пружи отпор“.

-Со кого ќе преговарате доколку Хамас биде поразен, праша Насрала.

Веб-страницата Ал Манар пренесе дека Насрала алудирал на дебатата во Израел за ултраортодоксните војници во израелската армија, додавајќи дека „политичката криза со Харедимите“ (православна еврејска религиозна група) ќе доведе до колапс на државата. 

Тој, исто така, алудираше на зборовите на опозицискиот лидер Јаир Лапид дека ИДФ нема доволно жива сила да ја води војната на северниот фронт.

Претходно, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелската армија ќе влезе во Рафа за да ги елиминира преостанатите баталјони на Хамас.

-Ќе ја завршиме работата во Рафа, а истовремено ќе се погрижиме цивилите да не бидат повредени, рече Нетанјаху. сд/

Остани поврзан