• сабота, 13 декември 2025

„Народна игранка“ во Нова Маала под покровителство на општина Василево

„Народна игранка“ во Нова Маала под покровителство на општина Василево

Струмица, 20 август 2025 (МИА) - По повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица во село Нова Маала, под покровителство на Општина Василево, ќе се одржи културно уметничка програма -„Народна игранка“ во организација на Здружение Културно уметничко друштво „Бежанци“, од истоименото село, објавија денеска од Општината.

Според програмата, првиот ден, односно во недела на 24 август година, со свои изведби ќе настапат КУД „Бежанци“, Нова Маала, КУД „Злевски бисери“ од село Злеово и „Осоговски извори“ од село Оризари.

Централната манифестација ќе биде во пресрет на празникот, на 27 август со почеток во 21 часот со учество на Мирослав Мирчевски и групата „Грациозо“, како и КУД „Бежанци“, Нова Маала и КУД „Св. Кирил и Методиј“ од село Иловица.

Инаку, Советот на Василево, на една од своите седници едногласно донесе одлука за финансиска поддршка на оваа манифестација од страна на општината.рт/

Фото: Општина Василево

Остани поврзан