• понеделник, 20 мај 2024

Наполи одби 130 милиони евра за Осимен

Наполи одби 130 милиони евра за Осимен

Неапол, 30 јули 2023 (МИА) - Наполи ја одби понудата од Ал-Хилал за напаѓачот Виктор Осимен, пишува „Il Mattino“.

 

Саудискиот клуб понудил 130 милиони евра за 24-годишниот Нигериец, но Наполитанците ја одбиле понудата бидејќи сакаат да добијат најмалку 200 милиони.

 

Осимен минатата сезона забележа 39 настапи за Наполи во сите натпреварувања, постигнувајќи 31 гол и пет асистенции. Тој стана најдобар стрелец во Серија А. 

 

Токму Осимен беше еден од најзаслужните за освојување на шампионскиот трофеј, пр за „наполитанците“ по ерата на Диего Марадона. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан