• четврток, 21 ноември 2024

Наполи загуби шест од 10 натпревари под водство на Мацари

Наполи загуби шест од 10 натпревари под водство на Мацари

Торино, 7 јануари 2024 (МИА) – Актуелниот италијански фудбалски шампион Наполи заостанува 20 бода зад лидерот Интер по 19 натпревари во Серија А.

Избраниците на Валтер Мацари денес беа поразени од Торино (0:3). 

По назначувањето на 62-годишниот стручњак на тренерската позиција, Наполи забележа само три победи на 10 натпревари на сите турнири. Во последните четири натпревари немаат постигнато ниту еден гол и примено девет.

Во Серија А, Наполи моментално е на 9. место со 28 бодови. Во следниот меч ќе се соочи со Салернитана (13 јануари).

До неодамна член на Наполи беше Елиф Елмас, но поради мала минутажа тој направи трансфер во Лајпциг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан