• вторник, 04 март 2025

Напад со нож во Хаифа: Еден загинат, четворица повредени, напаѓачот убиен

Напад со нож во Хаифа: Еден загинат, четворица повредени, напаѓачот убиен

Тел Авив, 3 март 2025 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а четири други се повредени во напад со нож во израелскиот пристанишен град Хаифа, соопштија денеска спасувачките служби.

Напаѓачот, кој нападнал луѓе на главната автобуска станица, бил застрелан, соопшти израелската служба за итна помош „Маген Давид Адом“.

Според израелските медиуми, повикувајќи се на полицискиот портпарол, напаѓачот бил маж со израелско-арапско потекло.

Жртвата е маж на возраст од околу 70 години, додека еден од повредените, тинејџер, е во тешка состојба, соопштија од „Маген Давид Адом“.ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан