• понеделник, 25 ноември 2024

Наместо со Јупитер, Макрон ја претпочита споредбата со Вулкан

Наместо со Јупитер, Макрон ја претпочита споредбата со Вулкан

Париз, 14 јули 2022 (МИА) Францускиот претседател Емануел Макрон, кој сакаше да ја модернизира претседателската функција, избегнувајќи го традиционалното  14-јулско телевизиско интервју, годинава ја избра токму оваа форма да им се обрати на Французите. Во таа прилика запрашан за фактот дека нема да може да биде реизбран на крајот од неговиот втор петгодишен мандат, Макрон рече дека тоа „го турка да бара многу повеќе од [себеси], односно да размислува за нацијата и местото што го остава во историјата“.

„Но, ние не ја пишуваме историјата пред да ја создадеме“, рече тој.  На спомнувањето на прекарот Јупитер, кој понекогаш му го даваат во медиумите, Емануел Макрон се насмевна. Тој претпочита да го споредуваат со „Вулкан, односно ковачот“, јави дописникот на МИА од Париз.

Буџетот на армиите „нема да се намали, напротив“

Првото прашање од новинарите беше за конфликтот во Украина. „Дали имаме средства да се справиме со конфликт со висок интензитет? Според Макрон, Франција „има силна армија, прва армија во Европа“.

„Додадовме 26 милијарди евра во нашиот буџет. Но, она што го гледаме е нов факт: војување со висок интензитет, кое вклучува сила опремена со нуклеарно оружје, Русија. Франција има средства да и помогне на Украина. Но, во овој нов контекст, мора да продолжиме да инвестираме, вработуваме и тренираме. Имаме армија која е подготвена денес. Нејзината сила се нејзините жени и мажи. Сметам дека моралот на нашите армии е суштински. Ги поправивме елементите на нашата способност, ги зајакнавме. И ќе продолжиме. Мора да ги интензивираме напорите, мора да продолжиме до 2030 година“, најави тој во врска со прашањата за финансирање.

„Мораме да погледнеме и како се оценуваат новите закани. Потоа, даваме број. Новите области на конфликт не исчезнаа со Украина: особено кибер-просторот. Ако сме слаби на ова ниво, може да бидеме нападнати. Инвестирајте во издржливоста. Поморскиот сектор повторно станува суштински, а исто така и вселената. Покрај тоа, ние секогаш мора да се бориме против тероризмот, особено во Африка“, рече Макрон.

Војната во Украина „ќе трае“

Запрашан за последиците од војната во Украина, тој рече дека „ги немаме сите одговори“. „Ние не ја активиравме и не сме вклучени. Но, сите мора да се подготвиме дека тоа ќе трае. Летото и почетокот на есента ќе бидат многу сурови. Украинците се бранат со неверојатна храброст и благодарение на опремата што ја обезбеди Западот. Но, оваа војна ќе трае“, рече Макрон.

Тој смета дека „мора да се подготвиме за сценарио каде што треба целосно да се справиме без руски гас“.

Во врска со енергетската криза, Емануел Макрон потврди дека „Русија ја користи енергијата како оружје“, особено со прекинот на гасоводот Северен поток 2. „Ние сме во хибридна војна и мора да се подготвиме за сценарио каде што мора целосно да се откажеме од Руски гас“, додаде тој и притоа ги повика Французите на „општа мобилизација“.

Енергетска криза: Емануел Макрон најавува дека Франција ќе им помогне на своите европски соседи

Сепак, за последиците од војната, Емануел Макрон објаснува дека „Франција, благодарение на својот енергетски модел, не е многу зависна од рускиот гас“. „Но, ние се диверсифицираме за да бараме гас на друго место. Обезбедуваме придонеси, особено од Норвешка, Катар, Алжир и САД. Ние сме во процес на надополнување на нашите залихи. Но, мораме да им помогнеме и на повеќе зависни земји, како што е Германија. Но, мора да влеземе во логика на трезвеност. Сега ќе побарам од управите, големите групи, да подготват план за помалку трошење. Ќе треба да покажеме солидарност со нашите европски соседи. Ќе мораме да внимаваме на осветлувањето ноќе, на пример. Ќе мора да се заложат сите наши сонародници, и нашите компании“, истакна Макрон.

„Франција ќе направи план за енергетска трезвеност“

Во однос на енергетската криза, претседателот на Франција смета дека е неопходно „да се помине по примерот и одговорноста“, насочени особено кон големите групи, кои исто така мора „да вложат напори и да трошат помалку“. „Верувам во колективна одговорност, ќе направиме план за трезвеност. Таму веќе трошиме нешто помалку од лани, мора да продолжиме. Тоа е лов на енергетски отпад. Трезвеноста е дел од нашата стратегија“, рече Макрон.

„Поинакво организирање на животот“ во услови на климатски промени

Емануел Макрон ја нагласи мобилизацијата на пожарникарите и земјоделците соочени со климатските промени. „Тоа е итен случај и веќе е тука“, предупреди тој, додавајќи дека „нашиот енергетски модел не зависи толку од фосилните горива како другите странски земји“. „Мораме да ги организираме нашите животи поинаку и да промовираме ублажување на користењето на нашата електрична енергија“, додаде тој.

Емануел Макрон сака да „преговара за промена на цената на струјата“

Емануел Макрон, исто така, укажа дека сака „да го реформира европскиот пазар на електрична енергија“. „Ни треба европски пазар. Денеска купуваме струја затоа што не произведуваме доволно. Ни треба Европа. Но, цената на струјата е многу проклета во Европа, таа е многу зависна од гасот што го увезуваме. Ќе преговараме во Европа за промена на цената на струјата“, истакна Макрон.

Борбата против невработеноста, приоритет за одбрана на куповната моќ, како и помошта за оние кои мораат да ги користат нивните автомобили

„Ако сакаме социјален напредок, решението е работата“, рече тој. За пензиите, според Макрон, Французите ќе треба да работат подолго, најавувајќи дека измените на законот би требало да бидат до летото 2023. Тој верува во колективната одговорност на пратениците, особено во Собранието каде нема апсолутно мнозинство, Притоа тој најави референдум, како алатка во случај на блокада во Парламентот.

Емануел Макрон ја презема сета одговорност за неговата активност околу Убер

„Немам темперамент да бидам под влијание“, рече во однос на истрагата за досиејата на Убер. Кога беше министер за економија, „На Франција и требаше транспорт и отворање нови работни места“. „Илјадници млади луѓе немаа одговори на нивните биографии и беа ангажирани од ВТЦ“, рече Макрон, потсетувајќи  дека владата тогаш „ги регулираше овие платформи за да им даде социјален статус на овие возачи“. Со самоуверен тон заклучи дека „никогаш нема да зажали“ за своите одлуки.

Запрашан за улогата на лоби групите во донесувањето на законот, Емануел Макрон го цитира законот на Мишел Сапен од 2016 година за транспарентност на законодавната работа. „Но, да не мешаме сè. Таму тоа се компании, а не лобија“, подвлече Макрон во врска со Убер. тг/паг/

Остани поврзан