Намален водостојот на Преспанското и на Охридското Езеро
- За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.

Скопје, 5 септември 2023 (МИА) – За еден сантиметар е намален водостојот на Преспанското, а за два на Охридското Езеро, додека нивото на Дојранското Езеро е исто како вчера.
Со тоа, согласно последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостојот на Преспанското Езеро е за 1,8 метри понизок од просечниот и е на само два сантиметра до апсолутно измерениот минимален водостој забележан на 15 ноември 2022 година. Нивоата, пак, на Охридското и на Дојранското езеро се повисоки од просекот за овој период од годината и тоа за седум сантиметри кај Охридското и за 1,88 метри кај Дојранското Езеро.
Водостоите на реките во земјава најчесто се минимално намалени во споредба со вчера.вј/са/
Фото: МИА архива