• четврток, 13 февруари 2025

Намален број на заболени од грип во Куманово

Намален број на заболени од грип во Куманово

Куманово, 15 февруари 2023 (МИА) - Намален број на заболени од грип, бележи кумановскиот Центар за јавно здравје, информираа денеска надлежните од јавата здравствена установа.

Лекарите очекуваат намалување на бројката и во наредниот период.

- Во Центарот за јавно здравје во текот на шестата недела има само 11 пријавени случаи на заболени од грип или состојби слични на грипот. Во однос на минатата недела има незначително намалување бидејќи тогаш во петтата недела имаше пријавено само 16 случаи, додека најголем број беа во четвртата недела. Така, вкупниот број пријавени случаи во јануари е 214. Во споредба со целата сезона во 2021-22 имаме вкупно 221 случај, изјави началникот на епидемиолошкото одделение, д-р Јадранка Стаменковска.

И генерално, годинава има помал број на заболени од грип или слични состојби за разлика од пред пандемискиот период, кога во Куманово имаше голем број по над 2.000, случаи во 2019-та биле регистрирани 2.419 случаи.

-На што се должи бидејќи станува збор за акутно респираторно, високо заразно заболување кое се јавува сезонски или пандемски може да кажеме дека се должи на оние превентивни мерки, како мерките коишто беа во однос на ковид, вели д-р Стаменковска.

Најмногу заболени се лицата од 15 до 64 години, работоспособното населние, помал број на деца. Лекарите препорачуваат да се почитуваат превентивните мерки, бидејќи станува збор за капкова инфекција, проветрување на просториите, изолација на зболените, лична хигиена, почесто миење на рацете, витаминска исхрана.

-Во текот на оваа година имаме голем одзив на вакцинирани лица против сезонски грип останува и таа како специфична мерка која е најефикасна, располагаме уште со вакцини, наменети за оние кои патуваат. Инаку имаше голем број, ЦЈЗ исто така набави комерцијални вакцини и голем интерес имаше кај лицата преку „Мој термин“ кои сакаа да се вакцинираат. Не само оние групи кои се препорачани и во ризик туку имаше голем интерес и од оние лица кои работат во администрација и доаѓаат во комуникација со голем број на луѓе, изјави доктор Стаменковска.

Во регионот и во Кумановско циркулира инфлуенција А.

- Од податоците што ги имаме од Институтот за јавно здравје од најголемиот број на земени материјали над 200 брис од нос и грло во моментот се изолирани ТИП А и Х1 и ТИП А Х3 така што има само еден потврден случај на ТИП Б, така што инфулуенција А е она што циркулира во нашата држава и општина. Типот А се јавува сезонски и е полесен, а типот Б е со потешки клинички слики и тоа е пандемски се јавува на две три години, предизвикува големи пандемии со поголеми компликации, појаснува Стаменковска. ам/цр

Остани поврзан