• недела, 21 јули 2024

Намален бројот на нелегалните пристигнувања во Грција во ноември годинава

Намален бројот на нелегалните пристигнувања во Грција во ноември годинава

Атина, 4 декември 2023 (МИА) – За 33,2 отсто се намалил бројот на нелегални пристигнувања во Грција во ноември годинава, споредбено со еден месец претходно, согласно официјалните податоци од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Во ноември пристигнале 4.584 нелегални мигранти, наспроти 6.863 во октомври, кога имало за 40,2 отсто намалување во однос на септември, со што вкупното намалување меѓу ноември и септември 2023 година достигнува 60 проценти.

-Брановите на нелегални мигранти почнаа да се зголемуваат од средината на 2022 година, по многу ниските нивоа на кои беа во текот на 2021 година. Првата кулминација беше во ноември 2022 година. Нагорен тренд повторно имаше од јуни годинава, а врвот го достигна во септември. Од последните десет дена на септември започна нивната постепено и забрзана деескалација. Деескалацијата на брановите се должи на ефикасното чување на границите од полицијата и крајбрежната служба и на подобрата соработка со Турција, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција.ср/сд/

Остани поврзан