• четврток, 26 март 2026

Над 40 повредени во рускиот напад на Украина, Русија тврди дека соборила 34 украински дронови

Над 40 повредени во рускиот напад на Украина, Русија тврди дека соборила 34 украински дронови

Киев/Москва, 30 април 2025 (МИА) - Најмалку едно лице е убиено, а 46 се повредени во синоќешниот руски напад со дронови врз украинските градови Харков и Днепар, соопштија локалните власти.

-Најмалку 45 лица се повредени во синоќешниот напад, меѓу кои две деца и една бремена жена, изјави регионалниот гувернер Олег Синегубов.

Нападот се случи откако САД, кои се обидуваат да посредуваат во постигнување мировен договор меѓу Русија и Украина, соопштија дека ќе се повлечат од својата улога на посредник во разговорите сè додека Москва и Киев не дадат конкретни предлози за ова прашање.

-Во Днепар, кој се наоѓа во југоисточна Украина, нападите со беспилотни летала предизвикаа пожари, при што загина 53-годишен маж, а еден беше повреден, напиша на Телеграм регионалниот гувернер на регионот Днепропетровск, Сергеј Лисак. „Тешка ноќ за Днепар“, додаде Лисак. Тој рече дека девет руски дронови биле уништени над областа преку ноќ.

Целосниот обем на нападот врз Украина сè уште е нејасен, при што двете страни негираат дека таргетирале цивили.

Дополнително, регионалниот гувернер на областа Запорожје, Иван Фјодоров, изјави дека 45-годишен маж е повреден во руски напад врз село во регионот, кое ефикасно е окупирано од руските сили. Исто така, две лица се повредени во руското гранатирање на јужниот град Херсон, соопшти локалната администрација.

Од своја страна, руското Министерство за одбрана објави дека Москва таа ноќ уништила 34 украински беспилотни летала, објавија руските новински агенции. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан