• петок, 22 ноември 2024

Над 3 000 ученици од Куманово бесплатно пливаат во базенот во рамки на општинска програма

Над 3 000 ученици од Куманово бесплатно пливаат во базенот во рамки на општинска програма

Куманово, 29 јануари 2024 (МИА) - Расте интересот кај учениците од кумановските училишта за бесплатно користење на услугата пливање во рамки на часовите по физичко образование, соопштија денеска од Секторот за образование од Општина Куманово. Според податоците на Секторот, проектот почнал до 500 деца сега бројката изнесува 3 000 ученици.

- Проектот функционира со години наназад, но експанзија доживеа изминативе две години кога бројот на ученици рапидно се зголеми. Благодарност до советниците од советот на општината, едногласно го поддржа проектот кој важи до крајот на 2024 година и опфаќа второ полугодие од тековната и прво од наредната учебна година, изјави раководителот на Секторот, Александар Јовановиќ.

Од Секторот очекуваат бројката да расте, особено по затоплувањето на времето. Во овој период кога е сезона на настинки и вируси, дел од родителите најавиле до училиштата дека ќе ги пуштаат учениците по затоплување.

- Од 20 општински училишта, основни и средни има пријавено ученици од 18 училишта. Само две од рурални средини не пријавиле ученици за оваа програма. Ова покажува дека учениците го сакаат пливањето. Прва општина сме со субвенционирање на ваков проект. Овој спорт има непроценливо значење за развој на младите, изјави Јовановиќ.

Дискусијата во Советот се однесуваше и на обука на учениците-непливачи. Сега и тие ќе можат да учествуваат, ако родителот даде согласност и ако професорите го прифаќаат ученикот, тогаш и тие ќе учествуваат во програмата.

- Со примена на различни помагала, учениците се обучуваат за пливање. Веќе има информации од директорите на училиштата дека се пријавиле и ученици непливачи, изјави Крстевски.

Учениците пливаат во претпладневните и попладневните часови во зависност од смените на училиште. Престанок на проектот имаше во два наврати за време на пандемијата и по енормно зголемените цени на енергенсите. За проектот се одвоени десет милиони денари од буџетот на општината. ам/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан