• понеделник, 23 декември 2024

Над 100 нови паркинг места и нови улици во населбата „11 Октомври - згради“

Над 100 нови паркинг места и нови улици во населбата „11 Октомври - згради“
Скопје, 27 март 2023 (МИА) - Од Општина Кисела Вода информираат дека финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на општината. Жителите на населбата „11 Октомври - згради“, како што се наведува во денешното соопштение, добија преку 100 нови паркинг места со изградбата на нови и реконструкција на постоечките паркинг места.
 
- Едновремено, Општина Кисела Вода работеше и на реконструкција на улиците, а ги реконструираше и пристапните рампи до влезовите и изгради пешачки патеки. Продолжуваме со силно темпо, решаваме децениски проблеми и работиме на места каде што никој во минатото не интервенирал, бидејќи Кисела Вода мора да биде модерна и напредна општина, истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој денеска изврши увид во завршните градежни активности во урбаната зедница „11 Октомври - згради“.

Тој посочи дека се комплетираат градежните зафати кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. 

- Изградивме нови паркинзи кои се од исклучителна важност за жителите кои живеат во овој дел од општината, но ги реконструиравме и постоечките. Работевме и на реконструкција на улиците. Речиси за првпат после земјотресот, краците на ,,Ѓорѓи Сугаре” добија нов асфалт, како и крак на ,,Михаил Чаков”, а ги реконструиравме и дел од сервисните улички. Во овој зафат, не изостана ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик и затоа ги реконструиравме и пристапните рампи до влезовите и изградивме пешачки патеки. Паралелно работиме и на други позиции со цел рамномерно развивање на Кисела Вода и унапредувањето на условите за живеење на мојот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски. дма/сп/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан