• петок, 22 ноември 2024

Наградените охридски средношколци на прием кај градоначалникот Пецаков

Наградените охридски средношколци на прием кај градоначалникот Пецаков

Охрид, 30 мај 2024 (МИА) –  Екипата на Општинскиот електро-машински училишен центар „Свети Наум Охридски“ од Охрид што постигна голем успех на Меѓународниот натпревар по роботика „Балкан Јуниор 2024“, освојувајќи го првото место, денеска имаа средба со градоначалникот, Кирил Пецаков и со раководителот на Секторот образование при Општина Охрид, Димитар Спасески.

Градоначалникот ги прими наградените ученици Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, професорот Сашо Недески.

Учениците на средбата ги искажаа своите впечатоци од самиот натпревар, а го запознаа градоначалникот со карактеристиките и учесниците на натпреварувањето, како и неговиот тек.

„Беше истакнато значењето на овој натпревар како уште еден начин за промоција на нашиот град и држава. Беа истакнати позитивните искуства кои нашиот центар ги има добиено како резултат на учествата на овие натпревари кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на стручното образование“, се наведува во соопштението од ОЕМУЦ, притоа заблагодарувајќи се на градоначалникот и локалната самоуправа за дадената поддршка.

Меѓународниот натпревар во роботика „Балкан јуниор 2024“ се одржа на 24 овој месец во Истанбул. аб/нд/

Фото: ОЕМУЦ Охрид

Остани поврзан