Нагелсман пишува историја како најмлад селектор на европските првенства
- Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман ќе влезе во историјата на европските првенства како најмлад тренер.

Берлин, 14 уни 2024 (МИА) - Селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман ќе влезе во историјата на европските првенства како најмлад тренер.
„Вундеркиндот“ има само 36 години и 327 дена, со што го надмина претходниот рекорд во овој поглед за само 6 дена. Сречко Катанец имаше 36 години и 333 дена на првиот натпревар на Словенија на ЕП 2000 година.
Најстариот тренер на Евро 2024 е Австриецот Ралф Рангник, кој има 65 години.
Според неофицијални податоци, Нагелсман е вториот најплатен селектор на репрезентација меѓу учесниците на ЕП 2024 со плата од 4,8 милиони евра. Селекторот на Англија, Герет Саутгејт зема 1 милион повеќе од него. дс
Фото: Архива