• петок, 05 декември 2025

Руд го откажа настапот во Вимблдон

Руд го откажа настапот во Вимблдон


Лондон, 22 јуни 2025 (МИА) – Норвешкиот тенисер Каспер Руд (АТП-16) го откажа настапот на овогодинешното издание на најголемиот турнир во светот, Вимблдон, кој започнува за осум денови, поради повреда на коленото.
Руд, кој два пати играше грен слем финале на Ролан Гарос, веќе некое време се бори со повреда на коленото, која во голема мера беше причина за неговата рана елиминација во 2. коло во Париз минатиот месец.
„За жал, Каспер сè уште не е подготвен за натпревари во три освоени сетови. Затоа, неговиот следен настап ќе биде во Гштад“, објави менаџерката на Руд, Тина Фалстер.
Во својата досегашна кариера, Руд не остави длабока трага на Вимблдон и неговото најдобро достигнување на терените на Ол Ингланд Клубот е пласманот во 2 коло. ег
ФОТО: ЕПА6ф

Остани поврзан