• среда, 06 ноември 2024

Навивачи на Брајтон избодени и ограбени во Рим

Навивачи на Брајтон избодени и ограбени во Рим

 

Рим, 7 март 2024 (МИА) – Двајца навивачи на англискиот фудбалски прволигаш Брајтон се повредени и ограбени во Рим во текот на изминатата ноќ, соопшти денеска италијанската полиција.

Двајцата мажи, на возраст од 28 и 29 години, биле нападнати со нож и се хоспитализирани со повреди кои не се сериозни по нивниот живот.

Навивачите на Брајтон биле нападнати во ресторан околу полноќ од „шест – седум маскирани луѓе“, а полицијата интервенирала откако добила повик од вработени во локалот.

Напаѓачите украле торба со лични документи и пари од англиските навивачи.

Фудбалерите на Брајтон вечерва во Рим ѝ гостуваат на Рома во првиот осминафинален натпревар во Лига Европа. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан