• петок, 22 ноември 2024

Мусевени го осуди „очајничкиот и кукавички напад“ врз гимназија во град во западна Уганда

Мусевени го осуди „очајничкиот и кукавички напад“ врз гимназија во град во западна Уганда

Кампала, 19 јуни 2023 (МИА) - Екстремистичкиот напад врз средно училиште во Уганда, во кој беа убиени најмалку 41 лице, за претседателот на земјата, Јовери Мусевени, е „очајнички и кукавички“ чин и притоа тој вети дека ќе ги елиминира одговорните за овој крвав напад.

„Нивните постапки - очајни, кукавички, терористички, нема да ги спасат“, рече претседателот на Уганда, во првата изјава по нападот извршен ноќта меѓу петокот и саботата од група која објави верност кон Исламска држава.

Засегнатите семејства вчера ги погребуваа жртвите во гимназијата во западна Уганда, додека други очајнички ги бараат своите најблиски кои се исчезнати по екстремистичкиот напад врз средното училиште во кое загинаа најмалку 41 лице, главно ученици.

Жртвите биле нападнати со мачети, застрелани или живи запалени.

Цел на нападот била гимназијата во градот Мпондве, во близина на границата со Демократска Република Конго.

Угандската војска и полиција ги обвини членовите на исламистичката полиција- Федерални демократски сили (ADF), која вети верност на Исламската држава.

Жртви на нападот се ученици, еден чувар и двајца локални жители кои беа убиени пред училиштето, изјави официјален претставник. По нападот, бунтовниците киднапирале непознат број луѓе и побегнале преку порозната граница во Конго.

Според официјални лица, некои ученици добиле фатални изгореници откако бунтовниците го запалиле интернатот, други биле ранети со огнено оружје или убиени со мачети. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан