• недела, 22 декември 2024

Мурињо седнува на клупата на Фенербахче

Мурињо седнува на клупата на Фенербахче

 

Истанбул, 31 мај 2024 (МИА) – Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо ќе седне на клупата на турскиот гигант Фенербахче, објави денеска италијанскиот новинар Џанлука Ди Марсио.

Според изворот, назначувањето на 61-годишниот Португалец може да биде објавено уште денеска, а Мурињо ќе потпише двегодишен договор со турскиот клуб.

Мурињо е без тренерски ангажман од јануари кога му беше врачен отказ во Рома.

Фенербахче минатата сезона заврши на второто место во турскиот шампионат, а титулата ја освои градскиот ривал Галатасарај. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан