• среда, 18 декември 2024

Мурињо: Повредата на Дибала е сериозна

Мурињо: Повредата на Дибала е сериозна
Рим, 10 октомври 2022 (МИА) - Тренерот на Рома, Жозе Мурињо изјави дека повредата на напаѓачот Пауло Дибала е веројатно многу сериозна. - Повредата изгледа многу сериозна. Би рекол дека е лошо. Таков впечаток имам и по разговорот со него. Мислам дека тешко ќе се врати на теренот до крајот на годината, го цитира Мурињо, новинарот Фабрицио Романо. Аргентинскиот фудбалер се повреди синоќа на натпреварот од 9. коло на италијанското првенство против Лече (2:1). Дваесет и осумгодишниот Дибала реализираше пенал во 48. минута, но се повреди при изведување на ударот од 11 метри, по што две минути подоцна беше заменет со Немања Матиќ. Дибала се здоби со повреда на бутниот мускул на левата нога и според прогнозите во италијанските медиуми, го очекува повеќемесечна пауза од фудбалските терени. зс/

Остани поврзан