• четврток, 18 декември 2025

МТСП: Одбележана една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево

МТСП: Одбележана една година успешно функционирање на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево

22 ноември 2023

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ ја одбележаа годишнината од постоењето на градинката „Мило мое“ во Чучер Сандево.

Во градежните активности општината Чучер Сандево инвестираше 11 милиони денари. Додека Министерството за труд и социјална политика вложи 8 милиони денари  и дополнителни 7.5 милиони денари за современа опрема. Градинката има капацитет за 110 деца.

Тренчевска и градоначалникот Комненовиќ посакаа уште многу успешни години работа на градинката. Министерката истакна дека во јавните детски установи се градат идните генерации на лекари, занаетчии, правници и лидери посочувајќи дека токму преку воспитно образовниот процес се влијае на правилниот раст и развој на децата. Таа истакна дека Министерството за труд и социјална политика ќе продолжи да вложува во детската и социјалната заштита. Тренчевска рече дека во периодот кој што следи ќе се слават уште многу инвестиции и среќните детски насмевки.

Министерство за труд и социјална политика

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан