• петок, 22 ноември 2024

МТСП: Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите

МТСП: Дијалогот за пораст на платите во јавниот сектор продолжува, целта е креирање на одржлив и праведен систем за сите

Скопје, 3 јули 2023 (МИА) - Економско - социјалниот совет (ЕСС) денеска продолжи со Eдинаесетата седница со која претседаваше Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, а на која  беа презентирани нови симулации согласно претходно предложениот пораст на плати од страна на претставници на синдикатите.

По дадените предлози, како што информираат од МТСП, беше отворена конструктивна дискусија меѓу присутните. Социјалните партнери се договорија понатамошните преговори за Методологијата за пораст на платите  во јавниот сектор да се одвива во помала работна група составена од членовите на ЕСС која ќе работи зачестено, а ќе излезе со предлози до следната седница на ЕСС.

На Седницата беа присутни Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими, министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, Размена Чекиќ – Дуровиќ, државна секретарка на Министерството за економија, претставници на синдикатите - членови на економско-социјалниот совет, нерепрезеентативните синдикати  и претставници на институциите.

Целта на Владата, велат од Министерството за труд и социјална политика, е креирање праведен и одржлив систем од кој секој добива и  воспоставување на методологија иста за сите вработени во јавниот сектор. сст/са/


 

 

 

 

Остани поврзан