• петок, 17 мај 2024

МО ко-домаќин на меѓународната онлајн дебата за сајбер безбедноста на Западен Балкан

МО ко-домаќин на меѓународната онлајн дебата за сајбер безбедноста на Западен Балкан
Скопје, 15 април 2021 (МИА) - Министерството за одбрана денеска ќе биде ко-домаќин на меѓународната онлајн конференција „Дијалози за Глобална сајбер политика: Западен Балкан“, на која воведно обраќање ќе има министерката за одбрана Радмила Шекеринска. Фокусот на дискусијата, соопштија од МО, ќе биде ставен на подобрување на сајбер безбедноста и градење капацитети во земјите од Западен Балкан, соработката во борбата против лажни вести и улогата на воените и одбранбените институции во заштитата на сајбер просторот. На конференцијата, како што е најавено, ќе учествуваат истакнати владини и невладини експерти од областа на сајбер безбедноста од нашата земја и од регионот, од Холандија и од Соединетите Американски Држави. Конференцијата се одржува во партнерство со американската истражувачка фондација Обсервер, Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија и фондацијата Метаморфозис. Како што појаснуваат од МО, настанот е дел од пошироката серија глобални сајбер дијалози на истражувачката фондација Обсервер и холандската дипломатија чија цел е да се истакнат клучните сајбер предизвиции и да се зголеми координацијата во иницијативите за градење на регионални капацитети за одговор на сајбер упади. цр/са/

Остани поврзан