• понеделник, 23 декември 2024

Моторциклист од битолско загина во сообраќајка на патот Охрид - Ресен

Моторциклист од битолско загина во сообраќајка на патот Охрид - Ресен

Охрид, 8 јули 2024 (МИА) – Моторциклист смртно настрада во сообраќајна несреќа што вчера се случила на магистралниот пат Охрид-Ресен, на крстосницата со локалниот пат за охридското село Куратица.

Според полициското соопштение, незгодата се случила вечерта во 19:40, при што дошло до судар на автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од М.А.(68) од Турција и мотоцикл „сузуки“ без регистарски таблички, управуван од П.Т.(23) од битолското село Горно Оризари.

Притоа од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

На лице место извершен е увид од страна на јавен обвинител и полициски екипи, што ќе треба да ги утврдат околностите поради кои дошло до незгодата.

Возачот на автобусот е приведен, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција. аб/цр/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан