• недела, 28 април 2024

Москва: Украинците го нападнаа Луганск

Москва: Украинците го нападнаа Луганск

Луганск, 13 април 2024 (МИА) – Најмалку две експлозии денеска одекнаа во Луганск, град под руска окупација, пишува Украинска правда.

На социјалните мрежи се објавени повеќе снимки на кои се гледа чад што се издига над местото на нападот.

Русите информираа дека експлозиите се случиле во близина на автобуска станица. Првите информации укажуваат дека се работи за ракетен напад.

- Според прелиминарните информации, украинските војници истрелале два ракети од типот „Storm Shadow“ кон Луганск, изјави неименуван функционер на самопрогласената Луганска Народна Република за руската државна новинска агенција Тас.

Новинар на Тас од местото на настанот извести дека во нападот биле оштетени неколку станбени згради и оти на терен излегле припадници на итната помош.

Русите наведуваат дека ова е прв напад врз градот од мај минатата година. јт/

Фото: Интернет скриншот

Остани поврзан