• петок, 03 мај 2024

Москва: Терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ финансиран со криптовалути

Москва: Терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ финансиран со криптовалути

Москва, 25 април 2024 (МИА) - Државјани на неколку земји биле вклучени во организирањето на терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, особено преку финансирање на тој напад со криптовалути, изјави денеска шефот на руската Федерална служба за финансиски надзор, Јуриј Чиханчин.

Држављани неколико земаља били су укључени у организовање терористичког напада на Крокус сити хол у Москви, посебно путем финансирања тог напада криптовалутама, изјавио је данас шеф руске Федералне службе за финансијски надзор Јуриј Чиханчин.

Чиханчин на меѓународниот форум за борба против перење пари и финансирање тероризам во Нижни Новгород рече дека истрагата за нападот е во тек, но дека прелиминарните резултати јасно покажуваат дека државјани на неколку земји учествувале во организацијата на терористичкиот напад.

„Нападот беше финансиран преку бројни финансиски организации и вклучуваше различни инструменти, вклучително и криптовалути“, рече Чиханчин.

Според него, меѓународниот тероризам останува главен предизвик за внатрешната безбедност на земјите, за што сведочат трагичните настани на 22 март во концертната сала „Крокус“.

„Терористичкиот напад во Крокус уште еднаш покажа дека тероризмот е транснационален феномен и дека тероризмот не треба да биде проблем само на една земја“, рече Чиханчин.

Тој им се заблагодари на финансиските организации кои одиграа голема улога во истрагата за настаните поврзани со нападот во концертната сала „Крокус“. Според последните податоци, 145 лица загинаа во терористичкиот напад. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан