• недела, 22 декември 2024

Москва го повика Техеран на воздржаност

Москва го повика Техеран на воздржаност
Москва, 11 февруари 2021 (МИА) - Русија денеска го повика Техеран на воздржаност откако Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) објави дека Иран почнал да произведува метал ураниум што ќе се користи како гориво за еден од нуклеарните реактори и со што го крши меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. - Иако ја разбираме логиката и причините на Иран, неопходно е да покаже воздржаност и одговорен пристап, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков. Тој додаде дека одлуката на Иран „не дава оптимизам“, но оти и покажува дека „не сака да прифати статус кво“. Во соопштението на МААЕ се наведува дека од 8 февруари во погонот во Испахан, централен Иран, утврдено е присуство на метал ураниум. МААЕ наведува дека тој вид ураниум може да се користи и во производство на нукеларно оружје. Договорот за иранаската нуклеарна програма потпишан во 2015 година предвидуваше ограничување на збогатување на ураниум во замена за укинување на економските санкции кон Иран. Во 2018 година САД едностарано се повлекоа од Договорот, а Техеран почна да не ги почитува одредбите. ми/

Остани поврзан