Мората: Причината за разделбата со сопругата е мојата преселба во Милан, а не неверство
- Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Алваро Мората раскина со сопругата Алиса Кампело поради нејзината неподготвеност да се пресели во Милано.

Милано, 20 авгсут 2024 (МИА) – Шпанскиот фудбалски репрезентативец, Алваро Мората раскина со сопругата Алиса Кампело поради нејзината неподготвеност да се пресели во Милано.
Претходно, 31-годишниот напаѓач официјално се пресели од Атлетико Мадрид во Милан.
Подоцна медиумите пишуваа дека вистинската причина за разделбата е неверство на фудбалерот.
- Уништен сум, но се колнам дека никогаш не ја изневерував. Таа е најважната жена во мојот живот. Алис сакаше да остане во Шпанија, не сакаше повторно да се пресели, изјави Мората за „Gazzetta dello Sport“.
Милан потпиша со 31-годишниот Шпанец во јули. Тој се обврза на четиригодишен договор. зс/
Фото: ЕПА