Монтела: Турција ги освои срцата на љубителите на фудбалот
- Турција го напушти ЕВРО 2024, no го исполни турнирот со својот дух и енергија и ги освои срцата на љубителите на фудбалот ширум светот, оцени селекторот на турската репрезентација Винченцо Монтела.

Берлин, 7 јули 2024 (МИА) – Турција го напушти ЕВРО 2024, no го исполни турнирот со својот дух и енергија и ги освои срцата на љубителите на фудбалот ширум светот, оцени селекторот на турската репрезентација Винченцо Монтела.
Турција синоќа загуби со 1:2 од Холандија во четвртфиналето во Берлин и го заврши настапот на Европското првенство на кое забележа три победи и осум постигнати голови.
„Од почетокот на првенството, нашиот тимски дух и поддршката од нашите навивачи беше неспоредлива. Ние сме многу горди. Начинот на кој играше нашиот тим беше одличен. Имавме сон и бевме многу блиску до исполнување“, изјави Монтела.
Во полуфиналето на ЕВРО2024 ќе играат Шпанија – Франција и Холандија – Англија. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024