• петок, 22 ноември 2024

Молдавија ќе купува американски плин преку Грција

Молдавија ќе купува американски плин преку Грција

Кишинев, 1 април 2024 (МИА) - Снабдувачот на гас во Молдавија, Енергоком денеска објави дека ќе ги снабдува своите клиенти со пробни количини течен природен гас (ЛНГ) со потекло од САД.

Молдавија се потпира речиси исклучиво на рускиот гас според договорот со Гаспром, но ги засили напорите за диверзификација по инвазијата на Москва на соседна Украина пред две години.

Енергоком во соопштението наведува дека ќе купува ЛНГ од пловечкиот терминал во Александрополис во соработка со грчката државна компанија ДЕПА Комерцијал.

„За два дена ќе купуваме по 14.000 MWh природен гас секој ден во пристаништето во Александрополис. Вкупно, тоа е околу 28.000 MWh, што е еквивалент на 2,6 милиони кубни метри“, рече Виктор Бинзар, в.д. директор на Енергоком.

Компанијата веќе ја тестираше рутата за увоз од Грција, купувајќи мала количина гас во 2023 година.

Молдавија во моментов не купува гас од Русија, но нејзиниот отцепен регион Придњестровје се потпира на руски извори на енергија.

Вкупната побарувачка за гас изнесува нешто повеќе од три милијарди кубни метри годишно. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан