Поплавени делови од Велика Британија, евакуација на домаќинства во Манчестер
- Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер.
Манчестер, 2 јануари 2024 (МИА) - Делови од Велика Британија се погодени од поплави, а неколку домаќинства се евакуирани на неколку места во областа на Манчестер.
Откако за два дена падна дожд колку просечни месечни врнежи, во делови од Манчестер автомобили беа поплавени до покривите, а беше прогласена и состојба на природна катастрофа.
Според полицијата, тимови за спасување на планина се распоредени во областа Манчестер за да им помогнат на пожарникарите во спасувачките операции на поплавените имоти и со заглавените возила.
- Се уште постои можност да има дополнителни поплави.Потенцијално очекуваме ситуацијата со поплавите да се влоши пред да се подобри, изјави метеорологот Том Морган.
Поради поплави и налетите на ветерот, беа откажани новогодишните прослави на отворено, како и огнометите во Единбург и во неколку други градови. јт/
Фото: Х скриншот