• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Можен краткотраен прекин на сообраќајот на патот кон Косово - ќе се подигнува превртен камион

Можен краткотраен прекин на сообраќајот на патот кон Косово - ќе се подигнува превртен камион

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - На патот кон Косово на околу четири километри пред вториот кружен тек, утре изутрина  од 05:00 до 07:00 часот ќе се врши подигнување на превртен камион со полуприколка, поради што може да дојде до краткотраен прекин или пренасочување на сообраќајот, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено, по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Фото: МИА архива

Остани поврзан