• четврток, 26 март 2026

До петок повремени врнежи, во сабота преодно стабилизирање, од недела повторно дожд

До петок повремени врнежи, во сабота преодно стабилизирање, од недела повторно дожд

Скопје, 31 март 2025 (МИА) - УХМР информира дека до петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер.

Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд. мч/мд/

фото: МИА архива

Остани поврзан