• петок, 05 декември 2025

Модернизација на улиците и развој на туризмот приоритет на Општина Вевчани

Модернизација на улиците и развој на туризмот приоритет на Општина Вевчани

Вевчани, 26 ноември 2025 (МИА) - Целосна реконструкција и модернизација на улиците во Вевчани, како и развој на туризмот се дел од приоритетите на градоначалникот Спасе Кочовски.

Според него, во изминатиот период реконструирани се четирите главни улици во дожина од два километри.

- Ги реконструиравме четирите главни улици во должина од два километри. Целосно е променета канализациската и водоводната мрежа, а поставени се и подземни кабли за пренос на електричната енергија, просторот е уреден со канделабриско осветлување, појасни Кочовски.

Тој посочи дека Општината активно работи на развивање на туризмот, со цел Вевчани да стане поатрактивна туристичка дестинација. 

- Интересно е Вевчани. Убаво е и во летниот и во зимскиот период. Но потребна ни е инфраструктура за зимски туризам. За жал засега сме на нула за тоа, но работиме и во таа насока, посочи Кочовски.

Вевчани, нагласи, големи придобивки во развојот на туризмот ќе има со прогласување на планината Јабланица во национален парк, процес кој е во тек.

- Прогласувањето на планината Јабланица како Национален парк е процес кој го води Министерството за животна средина и просторно планирање, но моја лична желба е заштитеното подрачје Вевчански извори да си остане под Општина Вевчани, а останатиот дел од Јабланица да стане Национален парк, рече градоначалникот на Вевчани.

Во наредниот период, тој посочи дека Општината ќе работи во реновирање на кино-салата, изградба на мултифункционално игралиште... сс/са/

Фото МИА архива

Остани поврзан