• среда, 15 мај 2024

МНТ со претставата „Народен непријател" на фестивалот „Борини позоришни дани" во Врање

МНТ со претставата „Народен непријател

Скопје, 24 октомври 2023 (МИА) -  Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен и режија на Нина Николиќ учествува на Интернационалниот театарски фестивал „Борини позоришни дани" што се одржува во Врање, Србија, под слоганот „Театарот во трауматизираното општество".

- Претставата ќе се одигра на 25 октомври на сцената „Бора Станковиќ" во Врање, а ќе учествуваат и театарските куќи од Србија, Хрватска и  Романија, соопштија од МНТ.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски. љм/са/

Фото: МНТ

 

Остани поврзан