• недела, 22 декември 2024

МНР на Естонија: НАТО има три до четири години да ја зајакне својата одбрана

МНР на Естонија: НАТО има три до четири години да ја зајакне својата одбрана

Варшава, 14 февруари 2024 (МИА) - Естонскиот министер за надворешни работи, Маргус Чакна денеска изјави дека НАТО има околу три или четири години да ја зајакне својата одбрана, додека рускиот претседател Владимир Путин ја зајакнува „воената машина“ на неговата земја.

Чакна на прес-конференција за време на неговата посета на главниот град на Полска рече дека Естонија не ја гледа Русија како непосредна закана за неа и за другите балтички земји, Литванија и Летонија, бидејќи Москва е зафатена со напад на Украина.

-Но, мораме да разбереме дека руската воена машина е лансирана во полн обем, производствен капацитет и менталитет, бидејќи Путин сега контролира сè, рече тој на конференцијата на која присуствуваше со неговиот домаќин, полскиот министер за надворешни работи, Радек Сикорски. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан