• вторник, 07 април 2026

МНД Битола и ДПМ ја промовираа книгата „Она што се памети“

МНД Битола и ДПМ ја промовираа книгата „Она што се памети“

Битола, 7 април 2026 (МИА) - Македонско научно друштво – Битола (МНД) и Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) приредија промоција на книгата „Она што се памети живее“.

Книгата, издание на ДПМ, содржи сеќавања од современи книжевници за значајни починати писатели, а пред многубројната публика писателите Петар Андоновски, Милица Димитријовска Радевска, Елизабета Јончиќ, Ирена Јурчева, Фросина Пармаковска и Добре Тодоровски споделија сеќавања за Драги Михајловски, Владимир Костов, Радован П. Цветковски, Панде Манојлов, Никола Кочовски и Лилјана Дирјан. 

Разговорот кој се одвиваше во пријатна и пријателска атмосфера со учество и на публиката го модерираа Живко Грозданоски, претседател на ДПМ и Даниела Андоновска-Трајковска, претседателка на МНД.мт/

Фото: МНД Битола 

Остани поврзан