• сабота, 13 април 2024

Мич Меконел објави дека ќе се повлече од функцијата во ноември

Мич Меконел објави дека ќе се повлече од функцијата во ноември

Вашингтон, 28 февруари 2024 (МИА) - Лидерот на републиканците во американскиот Сенат, Мич Меконел денеска објави дека ќе се повлече од функцијата во ноември.

„Стојам пред вас денеска за да ви кажам дека ова ќе биде мојот последен мандат како лидер на републиканците“, рече Меконел во говорот пред Конгресот.

Оваа ненадејна изјава наиде на бурни овации од пратениците од двете партии во Горниот дом на Конгресот.

„Минатата недела наполнив 82 години. Крајот на мојот придонес овде е поблиску отколку што би сакал“, рече Мекконел од говорницата во Сенатот, додавајќи: „Јас веќе не сум младиот човек, кој седи во последниот ред во Конгресот и се надева дека колегите ќе го запомнат моето име. Време е за следната генерација лидери“.

Мич Меконел, лидер на републиканците во Сенатот од 2015 година, се најде на првата линија на борбата против политиките на администрацијата на демократскиот претседател Барак Обама (2009-2017), но и во поддршка на Доналд Трамп, кој дојде на власт во јануари 2017 година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан