Мичел кандидат за тренерското место во Челзи
- Тренерот на Жирона, Мичел би можел да го наследи Покетино во Челзи, пренее „Дејли Телеграф“.
Лондон, 22 мај 2024 (МИА) - Тренерот на Жирона, Мичел би можел да го наследи Покетино во Челзи, пренее „Дејли Телеграф“.
Раководството на „Сините од Лондон“ размислува за 48-годишниот Шпанец како замена за Маурицио Покетино, кој го напушта клубот на крајот од сезоната.
Во опција за тренерската функција е и предводникот на Лестер, Енцо Мареска.
Покетино е на чело на Челзи од јули 2023 година. Под негово водство тимот оствари 27 победи, 10 пати ремизираше и претрпе 14 порази.
Претходно во кариерата, Покетино беше тренер на ПСЖ, Тотенхем, Саутемптон и Еспањол.
На крајот од сезоната 2023/24, Челзи го зазеде 6. место во табелата во Премиер лигата, освојувајќи 63 бода. зс/
Фото: ЕПА