• вторник, 05 март 2024

Мицотакис: Праведното барање на Грција за враќање на скулптурите на Партенон, доби уште поголем публицитет откако Сунак ја откажа средбата

Мицотакис: Праведното барање на Грција за враќање на скулптурите на Партенон, доби уште поголем публицитет откако Сунак ја откажа средбата

Атина, 29 ноември 2023 (МИА) – Премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис смета дека средбата што ја откажа британскиот премиер, нема долгорочно да влијае на билатералните односи, но и дека има и позитивна страна, односно грчкото барање за враќање на скулптурите на Партенон, доби уште поголем публицитет, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис денеска се сретна со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, а една од темите за кои разговараа беше и посетата на грчкиот премиер на Лондон и откажаната средба со Сунак.

-Првата забелешка е дека верувам дека ова нема долгорочно да се одрази на грчко-британските односи, кои имаат значителна историска длабочина, и второ дека имаше и позитивна страна откажувањето на оваа средба, дека праведното барање на Грција за повторно обединување на скулптурите на Партенон доби уште поголем публицитет. не само во Велика Британија, туку и кај светското јавно мислење, истакна Мицотакис.

Грчката претседателка истакна дека Партенонот, „водечки симбол на класичниот период, е важен за светското културно наследство, бидејќи ја симболизира демократијата и филозофијата“.

-Обединувањето на скулптурите претставува барање уште од почетокот на формирањето на нашата држава и во последниве години напредуваше, наиде, и ова го сметам за многу важно, на разбирање кај меѓународното јавно мислење, како и кај британското јавното мислење и ова е голема придобивка. Се разбира, за прашањето потребно е време, но се надеваме дека ова праведно барање на нашата земја конечно ќе најде одговор, истакна грчката претседателка. ср/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Остани поврзан