• петок, 05 декември 2025

Мицотакис најави финансиска помош од 100 милиони евра до 2030 година за Света Гора

Мицотакис најави финансиска помош од 100 милиони евра до 2030 година за Света Гора

Атина, 4 јули 2025 (МИА) – Финансиска поддршка за манастирите на Света Гора во висина од 100 милиони евра до 2030 година, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на неговата посета на Света Гора и објасни дека средствата ќе бидат наменети за одржување на манастирите, нивната реставрација по неодамнешниот земјотрес, како и зачувување на природата и олеснување на илјадниците поклоници, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис нагласи дека неговата посета ја изразува владината практична поддршка, а се осврна и на други теми за кои ќе разговараат како што се безбедноста во поширокиот регион, но и за електричното поврзување.

- Сакам да знаете дека Владата ќе биде покрај вас, како што ќе биде покрај сите Христијани од поширокиот регион на Блискиот Исток, порача Мицотакис.

При пристигнувањето владината делегација што ја предводи грчкиот премиер беше свечено пречекана, а следеше и свечена литургија. ср/ссм/

Фото: Кабинет на грчкиот премиер

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан