• вторник, 23 јули 2024

Мицотакис доби патики Нова демократија 

Мицотакис доби патики Нова демократија 

Атина, 23 мај 2024 (МИА) – Сино – бели, во боите на Нова демократија, заедно со логото на партијата, се новите (партиски) патики што ги доби грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и самиот ги претстави на Тик ток, јави дописничката на МИА од Атина.

Во видеото, Мицотакис ги отпакува, презентира, но и ги пробува патиките Нова демократија.

-Многу се добри, коментира Мицотакис додека ги пробува новите патики во неговиот кабинет во премиерската палата. 

Со оглед на тоа дека во Грција пред неколку години се појавија ПАСОК патики, со сонцето што е заштитен знак на партијата, сега Мицотакис во видеото вели дека им биле „љубоморни на ПАСОК‘, но веќе и Нова демократија доби свои патики. ср/

https://www.tiktok.com/@kyriakosmitsotakis_/video/7371887284800605472?embed_source=121374463%2C121433650%2C121404358%2C121351166%2C121331973%2C120811592%2C120810756%3Bnull%3Bembed_pause_share&refer=embed&referer_url=www.iefimerida.gr%2Fpolitiki%2Ftiktok-mitsotaki-papoytsia-nd-pasok&referer_video_id=7371887284800605472

Остани поврзан