Мицкоски: Љубовта кон градот не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја честиташе годишнината од ослободувањето на Скопје.
Скопје, 13 ноември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја честиташе годишнината од ослободувањето на Скопје.
- Честит 13 Ноември, денот на ослободувањето на Скопје! Да се потсетиме со гордост на храброста и жртвата на сите што се изборија за нашата слобода. Нека духот на единството, достоинството и љубовта кон градот не води и понатаму да го чуваме и градиме Скопје како место на мир, култура и заедништво, наведува Мицкоски во честитката објавена на неговиот Фејсбук профил.са/дма/
Фото: ФБ Мицкоски