• недела, 22 декември 2024

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

Мицкоски: Јас ја водам Владата исклучиво од интересите на мојата татковина Македонија

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Секогаш додека јас ја водам Владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашање поставено од пратеникот Реџеп Исмаил, поврзано со поддршката на премиерот, Радмила Шекеринска да биде избрана за заменик генерален секретар на НАТО.

-Јас објаснив и вчера дека со госпоѓата Радмила Шекеринска имаме дијаметрални разлики за многу прашања што се однесуваат на дневната политика, но не само на дневната политика, туку и на стратешки разлики, идеолошки разлики, и тука никој не треба да има дилема. Но, секогаш кога станува збор за македонски национален интерес подготвен сум да поддржам секого. Во изборот меѓу Радмила Шекеринска и останати четири други кандидатки, логично е како премиер на Владата на цела Македонија, не само на лево, десно, центар, Македонци, Албанци, Турци...на сите, да донесам одлука за која што заедно со луѓето кои се во соодветните ресори ќе покажеме дека тоа што го зборуваме и кога повикуваме на национално единство, тоа и да го практикуваме. И, друг пат кога ќе има ваква прилика, без разлика дали таа опција доаѓа од лево, десно...секој македонски граѓанин кој што гордо ќе ја претставува својата татковина Македонија, од мене ќе биде поддржан за која било меѓународна институција. Секогаш додека јас ја водам владата исклучиво ќе се водам од интересите на мојата татковина Македонија и македонските национални интереси, и ќе го поддржам секој оној што е во таа насока и во таа линија, истакна Мицкоски.

Можеби според вас, одговори премиерот до пратеникот Исмаил, подобро ќе беше да биде избран некој друг од четворицата кандидати, но за мене тоа не подобро. мт/фф/

Фото: МИА архива

Остани поврзан