• вторник, 06 јануари 2026

Мицкоски: Тутунот се откупува по највисока цена досега, задоволни се и тутунарите и откупувачите

Мицкоски: Тутунот се откупува по највисока цена досега, задоволни се и тутунарите и откупувачите

Скопје, 4 јануари 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска оцени дека тутунот се откупува по највисока цена досега и дека и откупувачите и тутунарите се задоволни. 

- Во моментов се откупени 23-24 милиони килограми тутун, а просечната цена е близу 420 денари, некаде околу седум евра, што е највисока до сега. Гледате нема протести, нема блокади, нема ништо, туку, напротив, задоволни се и тутунопроизводителите и откупувачите. Кога на тоа ќе се додаде и субвенцијата, тогаш доаѓаме до околу 500 денари по предаден килограм тутун. Тоа за мене е исклучително квалитетен род и би рекол исклучително квалитетен бизнис. На 24 милиони килограми, кога ќе ставиме 500 денари, добиваме околу 12 милијарди денари, околу 200 милиони евра ќе завршат кај тутунопроизводителите. И тоа е добро, рече Мицкоски.

Посочи дека порано се откупувале по 15-16 милиони килограми по цена од 120 до 130 денари, а денес има 23-24 милиони килограми тутун кој се откупува по цена од 420 денари по килограм, а со субвенцијата околу 500 денари.

- Навистина добра работа се прави, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на градинка во Сопиште. бак/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан