• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски смета дека македонската химна треба да се интонира во сите училишта во државата

Мицкоски смета дека македонската химна треба да се интонира во сите училишта во државата

Скопје, 20 октомври 2023 (МИА) - Секој граѓанин треба да покаже почит кон еден од основните симболи на државата во која е роден, му овозможила да се образува, да формира семејство и во неа живее, изјави денеска претседателот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. 

Одговарајќи на прашање дали во сите општини каде градоначалниците се од ВМРО- ДПМНЕ ќе се инторнира македонската химна, тој рече дека ова прашање не би го партизирал и смета дека тоа треба да биде пракса не само во општините, каде што градоначалниците се од редовите на ВМРО - ДПМНЕ.

-Мислам дека ова треба да биде политика, којашто ќе биде централизирана. Министерството за образование оваа политика ќе ја спроведе и мислам дека на целата територија на државата треба да има ваков начин на покажување почит кон државата, во којашто сите ние живееме и твориме, вели Мицкоски.

Тој апелира до министерот за образование ова да биде државна политика и да се реализира во сите општини, без разлика од која политичка партија и да се градоначалниците.

-Имаме држави, нашиот стратешки партнер САД, каде што има многу нации,  сите стојат пред интонирање на американската химна и се горди кога ја слушаат американската химна и сите го почитуваат американското знаме. Така што оние кои не ги почитува националните атрибути на државата, во којашто живее, тогаш навистина има сериозен системски пропуст, вели Мицкоски по посетата на Општина Гази Баба. вдј/ев/ 

Остани поврзан