• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицкоски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Мицкоски по повод Денот на независноста на САД: Нашето стратешко партнерство е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит

Скопје, 4 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави во која пишува дека стратешкото партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит.

- Овој ден е симбол на слободата, демократијата и стремежот кон подобро утре, вредности кои и ние ги споделуваме и кон кои се стремиме. Нашето стратешко партнерство со САД е темелено врз заеднички принципи и меѓусебна почит. Благодарни сме за континуираната поддршка на Соединетите Држави на македонските реформски процеси, безбедносната стабилност и евроатлантската интеграција. Нека 4 Јули биде потсетник дека заедно, како пријатели, партнери и сојузници, можеме да изградиме послободен, побезбеден и попросперитетен свет, напиша Мицкоски на Фејсбук. бак/сст/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан